недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ДОЖД ОД ГОЛОВИ: Македонија забележа убедлива победа со 4:0 против Казахстан (ВИДЕО)

ДОЖД ОД ГОЛОВИ: Македонија забележа убедлива победа со 4:0 против Казахстан (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го победи Казахстан со убедливи 4:0 во пријателски натпревар одигран на Национална арена „Тодор Проески“.

Стрелци на головите беа Езгјан Алиоски, Иван Тричковски, Милан Ристовски и Дарко Чурлинов.

Во текот на сите 90 минути избраниците на селекторот Игор Ангеловски доминираа на теренот, а работата им беше олеснета дополнително, по исклучувањето на Серикзан Мужиков во финишот на првото полувреме поради груб старт.

Ова беше втор подготвителен натпревар за „рисовите“ кои на 13 јуни во Букурешт против Австрија ќе го имаат премиерниот настап на Европското првенство.

ВИДЕО: СпортМедиа.