Македонската фудбалска легенда Драган Канатларовски ќе биде соработник во репрезентацијата до 21 година и ќе биде дел од стручниот штаб на селекторот Благоја Милевски.
Популарниот Цапар беше дел од младинските селекции во изминатиот период, а сега ќе биде меѓу младинците кои се подготвуваат за новите квалификации и ќе патуваат на подготовки во Терме Чатеж, Словенија, каде ќе се сретнат и ќе одиграат тест меч со домаќинот.