четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Драган Стојковиќ Пикси официјално селектор на Србија

Драган Стојковиќ Пикси официјално селектор на Србија

Драган Стојковиќ Пикси е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија.

По раскин на договорот со Љубиша Тумбаковиќ, Стојковиќ беше прва желба на раководството на Фудбалската федерација  на Србија за испразнетата функција селектор, но договорот беше „отежнат“ од неговото раскинување на соработката со кинескиот Гвангжу, клуб од кој доби значителен надоместок за раскинување на договорот поточно четири милиони евра.

Стојковиќ ќе дебитира против Република Ирска следниот месец на стартот на квалификациите за Светското првенство 2022 година во Катар.