Калчолигашите Каљари и Фиорентина ќе го повлечат од употреба дресот со број 13 во спомен на одбранбениот фудбалер Давиде Астори кој почина ноќта сабота кон недела.
31-годишниот фудбалер почина во хотелската соба во Удина каде Фиорентина требаше да му гостува на Удинезе.
Пред да игра за Фиорентина, Астори настапуваше за Каљари од 2008 година, а потоа замина во Рома во 2015 година.
Истражните органи во Италија почнаа истрага за смртта на Астори, а резултатите од неговата обдукција се уште не се објавени.