Дресот што легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона го носеше во четвртфиналето на Мундијалот 1986 година против Англија, кога постигна гол со рака, е продаден на аукција за рекордни 7.1 милиони фунти.
Повеќе од 35 години сопственик на легендарниот дрес со бројот 10 беше поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, кој по завршувањето на четвртфиналето го размени својот дрес со Марадона.
Победата на Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година е една од најконтроверзните во историјата на мундијалите токму поради голот што подоцна го доби прекарот „Божја рака“.
Поранешниот англиски репрезентативец, кој својата автобиографија ја наслови „Човекот со дресот на Марадона“, дресот му го довери на Националниот фудбалски музеј во Манчестер за таму да биде изложен и вети по смртта на Марадона во 2020 година дека предметот нема да се продава, бидејќи има „неверојатна сентиментална вредност“.
Во меѓувреме, Хоџ се предомисли и дресот е продаден за рекордна сума.
Досега рекордниот износ што беше платен за спортски дрес изнесуваше 4.4 милиони фунти, за дресот на безбол легендата Њујорк Јенкис, Бејб Рут, во 2019 година.
Истата година Олимпискиот манифест од 1892 година беше продаден за околу седум милиони фунти (8.8. милиони долари).