петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Дриблинг лудорија во Франција: Напаѓачот на Ница „измести“ тројца противници на мал простор (Видео)

Дриблинг лудорија во Франција: Напаѓачот на Ница „измести“ тројца противници на мал простор (Видео)

Нант на големо го прослави пласманот во првото финале по пауза од две децении, но огромно внимание на социјалните мрежи предизвика и второто полуфинале во францускиот Куп.

Ница го победи Версај со 2:0 и заслужено си обезбеди пласман на завршниот меч во Купот, натпреварување од кое ни пристигна и најлудата индивидуална акција видена оваа година во францускиот фудбал.

Амин Гуири од редовите на Ница постигна гол за 1:0, но сепак во фокусот се најде она што го направи при вториот гол кој го постигна Долберг.

Гуири покажа вонсериски технички квалитети и снаодливост на мал простор, бидејќи „измести“ тројца противнички дефанзивци пред да додаде до осамениот Долберг кој ги постави конечните 2:0.

Младиот 22-годишен Амин е една од фудаблските сензации во Франција оваа сезона, бидејќи на 30 натпревари дури 20 пати бил клучен на натпреварите на Ница со 12 постигнати гола и 8 асистенции за гол.