Прославениот фудбалер на Брегот на Слоновата коска, Дидие Дрогба, не успеа во својата намера да стане претседател на тамошната фудбалска федерација, јави денеска агенцијата ДПА.
Дрогба испадна во првиот круг гласање, а за нов претседател на Фудбалската федерација на Брегот на Слоновата коска е избран 61-годишниот Јасин Идриз Дијало.
Во текот на кариерата, 44-годишниот Дрогба беше капитен на репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска и нејзин најдобар стрелец во историјата. На 105 натпревари постигна 65 голови, а со националниот тим настапи на три светски првенства (2006, 2010, 2014).