четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Душан Јоковиќ нов фудбалер на Академија Пандев

Душан Јоковиќ нов фудбалер на Академија Пандев

Актуелниот вицешампион Академија Пандев ги засили своите редови за настапот во европските купови и новата сезоната во Првата македонска фудбалска лига со српскиот интернационалец Душан Јоковиќ.

Српскиот централен дефанзивец доаѓа во струмичкиот прволигаш од Пролетер од Нови Сад.

Јоковиќ во кариерата настапуваше и за ФК Металац, а е поранешен репрезентативец на Србија до 21 година.

Тој и се приклучи на новата екипа на подготовките пред настапот во првото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига, во кое противник на Академија Пандев е полскиот прволигаш Легија од Гдањск.