недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Душан Тадиќ заминува од Ајакс

Душан Тадиќ заминува од Ајакс

Српскиот фудбалски репрезентативец, Душан Тадиќ нема повеќе да биде дел од холандскиот великан Ајакс.

По пет години минати во Амстердам, офанзивецот реши дека е време за промена, побара да му биде раскинат договорот кој му завршуваше наредната година, барање кое Ајакс одлучи да му го исполни.

-Одлуката да го напуштам клубот беше многу тешка за донесување. Сепак, верувам дека ова е вистинскиот момент. Мислам дека е правилно не само за мене, туку и клубот да направиме нов почеток. Времето што го имав во Ајакс и успесите што ги славевме ми даваат неописливо чувство какво што досега не сум доживеал во кариерата. Би сакал да им се заблагодарам на сите фанови за прекрасното време што го поминав овде. Ако зависи од мене, ова не е последно збогум. Засекогаш ќе бидам играч на Ајакс и се надевам дека наскоро ќе се вратам во Амстердам во друга улога како тренер, -порача Тадиќ.

Наводно Душан не е задоволен од случувањата во Ајакс, позицијата во која се наоѓа, но и од неговиот статус кај новиот директор Свен Мислинтат. Тие имале разговор по кој решиле дека најдобро е секој да тргне по својот пат.

Србинот со Ајакс ги освои сите пехари во Холандија, а играше и во полуфиналето на Лигата на шампионите. Вкупно одигра 241 натпревар на кој даде 105 голови и подели 112 асистенции.