Пред неколку дена се појави вест дека српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ е пред договор со Фиорентина за продолжување на соработката, но сега се појави Атлетико Мадрид.
Како што пренесуваат дел од италијанските и шпанските медиуми Атлетико за Влаховиќ испратил понуда од 60 милиони евра и Фиорентина има 48 часа да даде одговор на истата.
„Виолетовите“ прават се за да го задржат Влаховиќ барем уште една сезона, беа блиску до остварување до целта, но ќе видиме дали понудата од „јорганџиите“ ќе ја промени ситуацијата.
Симеоне сака да оформи тандем Влаховиќ-Суарез кој сигурно дека има потенцијал да биде еден од најдобрите во Европа. Влаховиќ во минатата сезона постигна 21 гол