сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Два натпревара суспензија за Чави и Рафиња

Два натпревара суспензија за Чави и Рафиња

Тренерот на Барселона, Чави кој доби црвен картон на натпреварот од 1. коло на Ла Лига против Хетафе (0:0) поради расправии со судиите доби суспензија на два натпревара. Тренерот избегна дополнителна дисквалификација поради тоа што остана во подтрибинскиот тунел по исклучувањето.

Чави избегна казна и поради коментарите по натпреварот за судискиот тим на Цезар Сото Градо. Главниот тренер на „Барселона“ ја нарече работата на судиите „апсолутна срамота“.

Два меча суспендиран е и крилниот напаѓач на Барса, Рафиња, кој доби директен црвен картон поради ударот со лакт на дефанзивецот Гастон Алварез во слепоочницата.

Чави и Рафиња поради суспензиите ќе ги пропуштат натпреварите против Кадиз и Виљареал.