понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Два убави голови на Мартинез и Барела, за рутинска победа на Интер (ВИДЕО)

Два убави голови на Мартинез и Барела, за рутинска победа на Интер (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер ја победија Салернитана со 2:0 (1:0) на својот „Џузепе Меаца“ во 10. коло од Серија А.

Рутинска победа без, која можеше да биде и поубедлива, но и вака Симоне Инзаги ќе може да биде задоволен.

По 14. минута навивачите кои беа околу 60.000 на стадионот во Милано за првпат станаа на нозе. Лаутаро шутираше од далечина и со „жаба“ го измами голманот Сепе.

Асистираше Николо Барела кој ја доби наградата за добрата игра, во второто полувреме кога го постигна вториот гол за својот тим.

Интер моментално е седми со 18 бодови, додека Салернитана е 12-ти со 10 бодови.