четврток, 28. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Двајца фудбалери на излезната врата во ПСЖ

Двајца фудбалери на излезната врата во ПСЖ

Францускиот вицешампион ПСЖ доведе квалитетни имиња во летниот преоден рок и ќе биде голем фаворит да си ја врати титулата во домашното првенство, истовремено атакувајќи и на сите други трофеи.

Но, влезните трансфери подразбираат и збогување со одреден број фудбалери, а француските медиуми најавуваат кои се двајцата играчи кои први можат да ја променат средината.

Најблиску до заминување е Лајвин Курзава кој е блиску до трансфер во редовите на Лион, екипа која очајно има потреба од засилување на позицијата лев бек.

Курзава веќе прифатил да настапува за Лион, па останува само уште двата клуба да се договорат за отштетата.

Истовремено, германски „Кикер“ објави дека Јулијан Дракслер размислува за враќање во Бундеслигата, бидејќи ПСЖ добил понуда од Баер Леверкузен вредна 20 милиони евра.

Тоа е прифатлива сума за Французите, но засега е неизвесно дали Дракслер ќе избере поголема минутажа пред платата од 8 милиони евра која не може да ја добие од Баер.

Од останатите фудбалери, неизвесно е останувањето и на Рафиња, Керер, Дијало и Геје.