Фудбалскиот свет од вчера тагува по големиот Пеле, кој почина на 82-годишна возраст.
Само двајца Македонци ја имале таа чест да играат против Пеле, а тоа се Методија Спасовски и Кирил Дојчиновски.
Спасовски и Дојчиновски кој за жал почина оваа година беа дел од легендарната репрезентација на Југославија која играше против Бразил во 1968 година на „Маракан“ пред повеќе од 150.000 гледачи.
Двајцата беа стартери на натпреварот, а Мето Спасовски во седмата минута постигна и гол, натпреварот на крајот заврши без победник 3:3. Спасовски исто така е запишан досега како единствен Македонец кој му дал гол на Бразил.