понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

„Двоен тунел“ и гол во Салцбург: Окафор го посрамоти стоперот на Милан

„Двоен тунел“ и гол во Салцбург: Окафор го посрамоти стоперот на Милан

Пјер Калулу кумуваше за првиот гол на Интер во големото дерби кое го доби Милан со пресврт изминатиот викенд, но лошото маркирање на Лаутаро, сега го продолжи и со еден лош потег во Лигата на шампионите.

Милан одигра 1:1 со Салцбург во најелитното натпреварување и беше поблиску до победата со оглед на тоа што погоди директ во завршницата, но работите беа потешки за „росонерите“ бидејќи бркаа негатива во Салцбург.

Окафор го донесе домашниот тим во водство презентирајќи еден импресивен дриблинг, но во дадената ситуација, им продаде „двоен тунел“ на двајца играчи на Милан.

Напаѓачот ја протна топката низ нозе на Калулу и го седна стоперот на земја, но потоа топката ја смести и под нозете на голманот Мењан.