понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Џака пред нов договор со Арсенал

Џака пред нов договор со Арсенал

Фудбалерот од средниот ред Гранит Џака се договори за продолжување на соработката со Арсенал, објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер.

Според изворот, Швајцарецот наскоро ќе потпише договор со „топчиите“ до летото 2025 година со зголемување на платата. Актуелниот договор на играчот за врска важи до 2023 година.

Џака ова лето беше блиску до приклучување кон Рома, но клубовите не можеа да се договорат за цената за трансферот.

Дваесет и осумгодишниот фудбалер минатата сезона настапи на 45 натпревари за Арсенал во сите натпреварувања и постигна еден гол и две асистенции.