Гранит Џака беше во фокусот на вниманието на последниот мундијал, кога со „летање на орли“ го прослави голот за Швајцарија против селекцијата на Србија, навлекувајќи го бесот на српските фанови, по што беше покрената и истрага од страна на ФИФА.
Србија и Швајцарија повторно се дел од иста група и на СП во Катар, а асот на Арсенал на една седмица пред почетокот на мундијалот се извини за своето однесување од пред четири години.
„Се беше добар на тоа последно светско првенство освен двоглавиот орел, не требаше да го направам тоа што го направив. Во кариерата само два пати имав големи испади, еднаш во дресот на Арсенал кога навивачите ми свиреа на дуелот со Кристал Палас, и на дуелот со Србија на последниот шампионат. Сега повторно се среќаваме со Србија, и тоа во третото коло, искрено токму оваа селекција не ја посакував за противник, се надевам дека уште пред тој меч ќе обезбедиме пласман во осминафиналето“, изјави Џака.