четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Џани Инфантино единствен кандидат за претседателските избори на ФИФА

Џани Инфантино единствен кандидат за претседателските избори на ФИФА

Интернационалната фудбалска федерација (ФИФА) нема да добие нов претседател, со оглед на тоа што Џани Инфантино нема да има противкандидат на претстојните избори.

Актуелниот прв човек на ФИФА единствен поднел кандидатура, што го соопшти советот на федерацијата. Глаањето ќе се одржи на 16 март следната година, на 73. конгрес на оваа организација во Кигали.

Инфантино е на чело на ФИФА од 2016 година. Тој застана на местото на Сеп Блатер, кој цели седумнаесет години ја извршуваше претседателската функција.

Инфантино, кој студирал право, ја започна својата кариера како спортски функционер во УЕФА. Меѓу другото, тој беше генерален секретар на Европската асоцијација од 2009.