Поранешниот играч на Арсенал, 30-годишниот Џек Вилшер, објави денеска крај на кариерата како професионален фудбалер, јавија британските медиуми.
Вилшер поникна во фудбалската академија на Арсенал, а стави крај на кариерата како фудбалер на дански Архус.
– Сите искуства, кои ги стекнав во текот на кариерата за мене се привилегија. Од самите почетоци, до носењето на капитенската лента во мојот сакан Арсенал и претставувањето на мојата земја на Светското првенство. Ги исполнив соништата, објави Вилшер на социјалните мрежи.
На одлуката да се пензионира влијаеја и многубројните повреди.
За англиската репрезентација Вилшер одигра 34 натпревари, а на клупски план настапуваше и за Болтон, Борнмут и Вест Хем.