Стивен Џерард реагираше на неговото отпуштање како менаџер на Астон вила.
– Би сакал да им се заблагодарам на сите поврзани со фудбалскиот клуб Астон вила за поддршката што ми беше дадена за време на мојот престој таму. Би сакал лично да им се заблагодарам на управниот одбор, играчите и целиот персонал за нивната напорна работа.
Штета што не успеав на крајот, но должен сум им на навивачите за тоа како ме пречекаа и продолжија да го поддржуваат тимот во тешките моменти. Астон вила е клуб со посебна историја, многу сакавме да ги вратиме тие незаборавни достигнувања, но, за жал, тоа не беше предодредено. На сите во клубот им посакувам се најдобро во иднина, напиша Џерард на социјалната мрежа.
Четириесет и двегодишниот Англичанец е во Астон вила од ноември 2021 година. Под негово водство, тимот одигра 40 натпревари – 13 победи, 8 нерешени и 19 порази.
Сезонава Астон вила на 11 натпревари освои девет бода и се наоѓа на 17. место во Премиер лигата.