Глазгов Ренџерс, тим кој моментално е на третата позиција на табелата со 13 бода помалку од лидерот Селтик, а денеска во вечното шкотско дерби загуби токму од тој тим со 5:0, скоро цела сезона е бес стално решенија за клупата.
Според пишувањата на англиските медиуми, Стивен Џерард одлучил да ја прифати понудата за работа на клупата на шкотскиот великан Глазгов Ренџерс
Глазгов Ренџерс, тим кој моментално е на третата позиција на табелата со 13 бода помалку од лидерот Селтик, а денеска во вечното шкотско дерби загуби токму од тој тим со 5:0, скоро цела сезона е бес стално решенија за клупата. Тогаш беше сменет Педро Каиксиња, а како в.д. тренер го поставија Марти, кој таа работа ја извршува до крајот на сезоната.
Џерард ќе мора прво да даде отказ од позицијата тренер на тимот на Ливерпул до 18 години, а доколку дојде на Ајброкс, тоа ќе му биде прва работа во сениорска конкуренција.
Иако се уште се чека потписот на договорот кој треба да биде во следните 24 часа, челниците на Ренџерс веќе се договориле со 37 годишниот поранешен англиски репрезентативец и можеби најголема легенда на Ливерпул. Договорени биле и финансиите со кои тој ќе може да тргне во изградба на тим за борба со во моментов неприкосновениот Селтик.
А поддршка му даде и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој е уверен дека шкотскиот великан нема да погреши со неговото именување.
-Да сум сопственик на клубот, прв би го земал во предвид! На него е да донесе одлука, но што и да одлучи, ние ќе го поддржиме.