четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Џерард се враќа на „Енфилд Роуд“: Сите се возбудени!

Џерард се враќа на „Енфилд Роуд“: Сите се возбудени!

Ливерпул утре ја пречекува Астон Вила во рамките на 16. коло во Премиер лигата, меч кој е посебен затоа што Стивен Џерард се враќа дома на теренот каде што го мина најголемиот дел, најубавите моменти во својата кариера.

Во јавноста се создава еуфорија особено меѓу навивачите на „црвените“ кои одново ќе имаат шанса да го видат нивниот миленик, ситуација која добро ја разбира самиот Џерард, но притоа порачува дека тој како тренер ќе направи се за да составот од Бирмингем победнички го напушти „Енфилд Роуд“.

-Навистина ја почитувам и ја разбирам целата врева што постои поради овој натпревар, од очигледни причини. Се враќам на стадионот каде поминав многу години и со нетрпение го очекувам. Имам добри односи со луѓето од клубот. Јас сум локален, го поддржував тој тим кога растев и секогаш ќе го поддржувам.

-Но, во исто време, среќен сум што имам можност да се натпреварувам со добар тим, кој има одличен менаџер. И со шанса за победа. Сите на тој стадион ме познаваат многу добро и знаат зошто доаѓам, -рече Стивен и додаде:

-Останатите луѓе се возбудени, но морам да го подготвам мојот тим на најдобар можен начин, за да постигнам добар резултат за Астон Вила. За сите останати, тоа е голем настан и мислам на три бода, важен меч и концентрација. На ова ниво, доколку сте пасивни на било кој дел од теренот, брзо ќе бидете казнети. Ние сме добар тим, имаме врвни играчи, можеме да бидеме закана за Ливерпул, сакаме да им ја отежниме работата што е можно повеќе, -заврши менаџерот на Вила.