Нов предводник на англискиот фудбалски тим Лидс е Џеси Марш.
„Лидс може да го соопшти назначувањето на Џеси Марш за нов главен тренер. 48-годишниот стратег потпиша договор до јуни 2025 година и неговиот прв меч ќе биде саботниот дуел од Премиерлигата кај Лестер“, се вели во соопштението на Лидс.
Џеси Марш фудбалската кариера ја помина во тимови од МЛС, ДС Јунајтед, Чикаго фајр и Чивас. Тренерската кариера ја почна како асистент во националниот тим на САД. Потоа беше тренер на Монтреал, па три години работеше во Њујорк Ред Булс пред да се пресели во Европа. Прв европски клуб му беше Ред Бул Салцбург од каде се префрли во Ред Бул Лајпциг, таму остана до декември минатата година кога доби отказ.