недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Џиџи Буфон е прв голман во историјата на фудбалот со 500 меча без примен гол

Џиџи Буфон е прв голман во историјата на фудбалот со 500 меча без примен гол

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, кој во моментот настапува за Парма, вчера ја зачува својата мрежа на гостувањето кај Беневенто и постави рекорд кој го зацврстува како еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот.

Популарниот Џиџи кој има 44 години, стана првиот голман кој на 500 меча во професионалната кариера не примил гол.

Буфон 322 пати ја зачувал мрежата незатресена додека беше во Јувентус, 92 пати за Парма, 9 пати на голот на Пари Сен Жермен и 77 пати не примил гол кога бранел за италијанската репрезентација.