вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Џон Тери ќе купува 10% акции во Челси

Џон Тери ќе купува 10% акции во Челси

Легендарниот капитен на Челси и фудбалска легенда, Џон Тери, ќе се придружи на конзорциумот „True Blue“, во намерата да купи 10% од акциите на клубот, со цел тие да им припаднат на навивачите.Намерата на конзорциумот е средствата за купување на акциите, да се добијат од сите заинтересирани навивачи.

На навивачите ќе им биде овозможен влез во оваа приказна со 100 фунти од секој навивач. Со таквиот потег, навивачите на Челси преку Џон Тери ќе инсистираат да го кажат својот збор во трансфер политиката на клубот при новото ракоцодство.

Челси е важен дел од мојот живот, овде бев 22 години. Сакам да видам како клубот останува во наследство и да влеземе во нова ера со луѓе кои имаат долгорочна визија“, порача Тери.