Напаѓачот на Џенова, Џузепе Роси паднал на допинг-тест, објави „Газета дело Спорт“.
Тестот бил спроведен по натпреварот со Беневето во мај оваа година. Кај фудбалерот била пронајдена супстанца која вообичаено ја има во капките за очи. Самиот фудбалер изјавил дека воопшто нема користено капки за очи. Сега Роси се соочува со една година суспензија.
Поранешниот италијански репрезентативец во минатото важеше за голем талент, но бројните повреди не му дозволија кариерата да му оди во поаскуван правец.
31-годишниот Роси има играно за Манчестер Јунајтед, Њукасл, Парма, Виљареал, Селта, Леванте. (МИА)