Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо на лето би можел да се пресели во Манчестер јунајтед, пишува германски „Скај спорт“. Фудбалерот, кој во март ќе наполни 20 години, со месеци е мета на „црвените ѓаволи“ и се наоѓа пред враќање во Англија од каде (Манчестер сити) пред три сезони ја прифати понудата на „милионерите“.
Весникот проценува дека вредноста на трансферот нема да биде помала од 120 милиони фунти, но изрази очекување дека за Санчо, во меѓувреме, ќе се појават и други заинтересирани клубови. Директорот на Борусија Дортмунд Михаел Зорц неодамна нагласи дека клубот нема добиено понуда за Санчо и возратил со насмевка кога бил запрашан за играчот.
Санчо во оваа сезона постигна 15 гола и запиша 17 асистенции во 29-те меча за Борусија Дортмунд. Она што се чека е официјален потег на Оле Гунар Солскјер и Манчестер јунајтед кои не саакат да креваат многу прав околу трансферот на младиот фудбалер, а со тоа и на неговата цена.