четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед стана новиот „Џејмс Бонд 007“

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед стана новиот „Џејмс Бонд 007“
LEICESTER, ENGLAND - OCTOBER 16: Mason Greenwood of Manchester United celebrates with teammates Jadon Sancho, Nemanja Matic and Bruno Fernandes after scoring their side's first goal during the Premier League match between Leicester City and Manchester United at The King Power Stadium on October 16, 2021 in Leicester, England. (Photo by Alex Pantling/Getty Images)

Манчестер Јунајтед значително го засили својот ростер во изминатиот летен преоден рок, во кој се до доаѓањето на Кристијано Роналдо, убедливо најголема ѕвезда и најмногу се зборуваше за Џејдон Санчо.

Всушност, англискиот репрезентативец остана најскапо засилување кое го реализираа „ѓаволите“ во изминатиот трансфер период, но ако се суди според стартот, слободно може да се заклучи дека клучниот играч во системот на Борусија има бавна адаптација во Премиер лигата.

Англиските аналитичар и експерти во изминатиот период постојано ја ставаа во преден план неговата очајна статистика, која вели дека нема никаков учинок на вкупно 11 натпревари кои ги одигра во сите натпреварувања.

Ако се гледа само Премиер лигата, Санчо нема ниту еден гол и ниту една асистенција на седум натпревари, а откако не одигра ниту една минута во болното дерби против Ливерпул, сега наиде на огромен сеир од познатиот германски сервис.

Во програмата на „Скај Спорт“ се зборувало за ужасните бројки и неверојатно потпросечното влијание на Санчо во тимот на Јунајтед, по што била објавена и фотографија на која тој е претставен како „Џејмс Бонд 007“ поради статистиката од 0 голови и 0 асистенции на 7 меча во англиската елита.