четврток, 4. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Еден човек знаел за трансферот на Роналдо во Јунајтед уште пред еден месец

Еден човек знаел за трансферот на Роналдо во Јунајтед уште пред еден месец

Поранешната ММА ѕвезда Хабиб Нурмагомедов откри дека лично Кристијано Роналдо му соопштил за трансферот од Јувентус во Манчестер Јунајтед, еден месец пред тој да биде реализиран.

„Во јули тој ми кажа дека ќе се пресели во Јунајтед и јас само очекував кога тоа ќе биде официјализирано. Мислам дека Јунајтед повеќе му одговара, отколку Јувентус“, изјави Нурмагомедов.

Неговото откритие е интересно ако се знае дека неколку дена пред Роналдо да потпише со Јунајтед, во игра беше Сити со кого, наводно, се било договорено. Освен тоа, шпански медиуми тврдат дека Португалецот два пати ѝ бил понуден на Барселона, но до договор не дошло.