Ова е прв интернационален тренерски предизвик за Нурединоски, кој минатиов период беше тренер на најстарата генерација од младинската академија на Кул со која избори пласман во елитната лига.
Нурединоски ја заврши фудбалската кариера во 2019 година, каде што за последен пат бранеше за екипата на кипарски Арис од Лимасол.
Бившиот македонски репрезентативен голман ја почна богатата фудбалска кариера во Вардар, а притоа бранеше и за екипите на Цементарница, Слога Југомагнат, Победа, Милано, германскиот Ајнтрахт Брауншвајг, кипарските Етникос, Ермис и Арис Лимасол, како и во азербејџанскиот Баку.
За селекцијата на Македонија настапи на 14 натпревари.