Фудбалерите на Шкендија се наоѓаат пред освојување на шампионскиот трофеј во Првата македонска лига, откако попладнево ја совладаа Беласица на гостински терен и ја задржаа предноста од 13 бода во однос на Шкупи. На тетовци им е потребна само една победа во преостанатите пет кола за да ја обезбедат титулата.
Бодовите на гостински терен попладнево ги освои и Шкупи во дебито на клупата на чаирчани на Гоце Седлоски.
Академија Пандев беше убедлива во пресметката со Вардар кој е пред преселба во Втора лига.
Резултати на средбите од 28. коло во ПМФЛ играни попладнево:
Академија Пандев – Вардар 3:0
Беласица – Шкендија 0:3
Борец – Шкупи 0:1
Работнички – Македонија ЃП 2:2
Струга Трим Лум – Пелистер 3:0.
Вчера: Ренова – Силекс 2:1.
Табела: Шкендија 65 бода, Шкупи 52, Македонија ЃП 48, Струга Трим Лум 44, Работнички 41, Пелистер 35, Академија Пандев 34, Борец 33, Ренова 31, Силекс 29, Вардар 28 и Беласица 17.