Претседателот на Египетската фудбалска асоцијација, Џамал Алам, изјави дека се поднесени жалби до Светската и Африканската фудбалска федерација (ФИФА) и (КАФ) со барање да се преигра квалификацискиот натпревар за СП 2022 со Сенегал.
– Египетската и Африканската фудбалска федерација мора да се вклучат за да го поддржат египетскиот тим. На Конгресот на ФИФА ќе се сретнеме со Џани Инфантино и ќе ги доставиме потребните документи до дисциплинската комисија. Многу работи ни се случија на овој натпревар, нашите играчи беа нападнати, го цитира Алама „Youm7“.
Првиот човек на египетскиот фудбал објасни дека треба да се игра нов меч, бидејќи претходниот натпревар се играше во чудна атмосфера: „Автобусот до стадионот доцнеше, а сите играчи на Египет беа нападнати од навивачите. Исто така, преку разгласот на стадионот се слушаа навреди кон репрезентативците на Египет“.
Египќаните пред два дена на пенали загубија од Сенегал и останаа без пласман на Мундијалот во Катар.