четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Екс-ѕвезда на Тотенхем заврши на суд

Екс-ѕвезда на Тотенхем заврши на суд

Муса Сисоко заврши пред судија во Англија, а причината за тоа е бизарна. Поранешниот играч на Тотенхем во текот на својот престој во земјата не плаќал сметка за струја.

Играчот за врска направил долг од 61.700 фунти кон компанијата која го снабдува Лондон со електрична енегрија. Поради тоа, Сисоко бил повикан на суд и ќе мора да плати парична казна. Интересно е дека тој се решил за такво нешто, особено ако се земе в предвид фактот дека во Тотенхем заработуваше околу 79.000 фунти неделно, а во Вотфорд по 44.000 фунти.

Сега Сисоко настапува за француски Нант, своевремено беше репрезентативец на својата земја и запиша 71 настап во националниот дрес. Исто така во кариерата настапуваше за Тулуз и Њукасл.