Македонската фудбалска репрезентација не успеа да стигне до првите три бода уште во првиот натпревар од Лигата на Нации откако гостувањето кај Бугарија заврши со 1-1.
По натпреварот Елиф Елмас не го криеше разочарувањето од испуштената шанса со победа да ја отвориме новата групна фаза во натпреварувањето, но верува дека во следните натпревари квалитетот ќе дојде до израз.
„Имавме тешки услови, по неколку дневниот одмор сите играчи бевме малку неподготвени, не влеговме во ритам. Очигледно дека едно ниво сме подобри од Бугарија, но кога среќата не е на вашата страна. Видовме и самите дека треба да дадеме уште повеќе за да стигнеме до победа така да се надевам дека на следните натпревари ќе бидеме сто отстотни и влезени во ритам па ќе оствариме на сите натпревари победи“, изјави Елмас.
„Секако дека жалам за тие минути и понатаму. Искрено ме изненади Бугарија, очекував да биде подобар противник, но тоа е тоа. Тоа е фудбалот и се надевам дека на другите натпревари тие 15. минути ќе ги искористиме подобро“ заврши во својата изјава нашиот репрезентативец.