вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Емануел Адебајор ја заврши фудбалската кариера

Емануел Адебајор ја заврши фудбалската кариера

Поранешниот напаѓач на Арсенал, Манчестер сити и Реал Мадрид, Тогоанецот Емануел Адебајор, објави денеска се повлекува од фудбалот на 39-годишна возраст.

Збогувањето со фудбалот Адебајор го објави на социјалните мрежи со порака дека неговата професионална спортска кариера била неверојатно патување.

„Ви благодарам мои обожаватели што ме следевте на секој чекор. Се чувствувам толку многу благодарен за сè и во исто време возбуден поради тоа што доаѓа“, порача поранешниот репрезентативец на Того.