четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Емери очекува нови засилувања во јануари

Емери очекува нови засилувања во јануари

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери призна дека очекува клубот да се засили со нови играчи во текот на зимата. Тренерот изјави по успехот со 3:0 над Блекпул во ФА Купот дека очекува да бидат привлечени централен дефанзивец и крило.

– Можеби трансфер пазарот ќе ни помогне да се засилиме со централен дефанзивец, но ситуацијата не е лесна, бидејќи Мавропанос наскоро ќе се врати по повредата. Исто така ни треба крило, лево или десно. Некој да може да ни помогне на оваа позиција, изјави Емери.

Арсенал има потреба од засилување во одбраната, откако Лоран Кошчелни доби нова повреда за време на загревање пред натпреварот со Блекпул и се наметна на негово место во составот да биде ставен Карл Џенкинсон.