Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери беше среќен по синоќешниот триумф над Лестер извојуван по водството на гостинскиот тим. Емери го издвои Месут Озил како пример за посветност кон тимот.
- Постигнавме голема победа која со прикажаната игра ја заслуживме. Сите фудбалери се заслужни за триумфот, но би сакал да го издвојам Месут Озил. Тој е целосно посветен и на натпреварите, но и на тренинзите. Неговите добри игри позитивно влијаат на целиот тим, изјави Емери.
Под водство на францускиот стручњак, Арсенал не ја почна сезоната според очекувањата, но како одминува времето „топџиите“ се се подобри и се наоѓаат во победничка серија која трае десет натпревари во сите натпреварувања.
Во Премиер лигата по девет рунди Арсенал е на четвртата позиција со 21 бод колку што има трето пласираниот Челзи. На првите две позиции се Манчестер Сити и Ливерпул со по 23 бода.