Офанзивниот играч од средниот ред на Барселона, Усман Дембеле е близу до трансфер во Арсенал, информира „Сан“.
Менаџерот на „топџиите“ Унаи Емери е подготвен да го вклучи во договорот Арон Ремзи, кого каталонците сакаат да го видат на „Камп Ноу“.
Дембеле во поголемиот дел од минатата сезона беше надвор од теренот поради повреда. Тој одигра само 20 натпревари за Барселона, во кои постигна три гола и даде шест асистенции.
За Ремзи е заинтересиран и Челзи. Велшкиот репрезентативец запиша 24 натпревари во Премиер Лигата минатата сезона, во кои постигна седум гола и даде осум асистенции.
МИА