Шпанскиот фудбалски стручњак Унаи Емери од денес и официјално е нов тренер на Виљареал.
Според прес-службата на клубот, потпишан е тригодишен договор со Емери.
Емери веќе има работено со клубови од Ла Лига. Тој ги водеше Валенсија и Севиља, со кои трипати ја освои Лигата на Европа.
Четириесет и осумгодишниот тренер работеше и во Спартак Москва, ПСЖ и Арсенал.
Досегашниот тренер на шпанскиот клуб, Хавиер Каљехо го предводеше клубот до 5. место во Ла Лига и обезбеди влез во групната фаза од Лига Европа. (МИА)