недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Емери повеќе не смета на Кутињо

Емери повеќе не смета на Кутињо

Бразилскиот напаѓач Филипе Кутињо не е во плановите на тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, тврди „Мундо Депортиво“.

Англискиот клуб ќе се обиде да го продаде 30-годишниот фудбалер веќе во зимскиот преоден рок, објавено е во шпанскиот спортски весник.

Астон Вила го купи Кутињо од Барселона во летото 2022 година за 20 милиони евра. Пред тоа, тој помина шест месеци во клубот од Бирмингем на позајмица.

Сезонава Кутињо настапи на 13 натпревари и нема постигнато гол. (МИА)