петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Емери се пожали на раководството на Арсенал

Емери се пожали на раководството на Арсенал

Поранешниот менаџер на Арсенал, Унаи Емери се пожали од односот на раководството на лондонскиот клуб.

Тој изјави дека не чувствува поддршка од раководството за време на неговиот престој на чело на „топџиите“.

– Тренерот треба да може да превземе одговорност. Јас ги штитам играчите, мене – клубот. За Арсен Венгер беше поинаку затоа што тој е симбол на Арсенал. Мојата работа беше фудбал, за останатото си имаше раководство, на кое јас му се доверував. Но, понекогаш решенијата нивни носеа повеќе штета отколку добро. Насекаде каде што работев, ме поддржаа Лорка, Алмерија, Валенсија, Париз Сен Жермен, Севиља, а претседателот на ПСЖ го направи тоа јавно, не само во соблекувалната. Јас се чуствував сам и резултатите ми кажаа дека треба да си одам, прокоментира Емери.