четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Емери: Сега е вистинското време да се сретнеме со Тотенхем

Емери: Сега е вистинското време да се сретнеме со Тотенхем

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери не е загрижен дека во четвртфиналето на Лига Купот неговиот тим ќе се сретне со Тотенхем. Тој истакна дека е свесен за ривалство меѓу лондонските клубови.

– Сакаме да го освоиме трофејот во ова натпреварување. Затоа, во секој случај, мора да играте со најдобрите клубови. Сега е вистинското време за таков натпревар. Ова е голем предизвик за двата клуба. Но само еден ќе победи, изјави Емери.

Да, свесен сум за сериозноста на ривалството. Се разбира, не како сите фанови на Тотенхем и Арсенал. Но, јас ќе проучам повеќе информации за ова во пресрет на мечот, додаде предводникот на Арсенал.

Во осминафиналето Арсенал синоќа го победи Блекпул со 2:1, додека Тотенхем славеше против Вест Хем со 3:1. (МИА)