четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Емери: Сите играчи на Арсенал беа на ниво

Емери: Сите играчи на Арсенал беа на ниво

Тренерот Арсенал Унаи Емери беше задоволен од изданието на своите избраници кои денеска го совладаа Кардиф на гости со 3:2.

– Тоа беше тежок натпревар. Не ја контролиравме целата игра, но ние ја поседувавме топката 70 отсто од времето. Игравме офанзивно. Мустафи, Лаказет и Обамејанг постигнаа гол, но сите играчи се покажаа добро, играа со желба. Ние сме среќни со победата и напредокот, изјави Емери.

По четири рунди Арсенал има по две победи и два пораза и се наоѓа на средината на табелата во Премиер лигата.