четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Емотивно: Голманот на ПСЖ ги победи најлошите прогнози: Излезе од болница по 82 дена борба за живот! (ФОТО)

Емотивно: Голманот на ПСЖ ги победи најлошите прогнози: Излезе од болница по 82 дена борба за живот! (ФОТО)

Шпанскиот голман Серхио Рико ја напушти болницата во Севилја по два и пол месеци од тешката трагедија кога беше удрен од коњ. Се бореше за живот, дури беше на интензивна нега и во кома поради повреда на мозокот, но успеа да го добие најважниот меч.

-Ова е сон, фала богу што излегов – биле првите зборови на Рико по излегувањето од болница во друштво на сопругата Алба, како што пренесува Марка. Шпанскиот голман вели дека се чувствува добро, но ќе му треба уште неколку месеци одмор и не е познато кога би можеле да го видиме назад на теренот. Рико има договор со ПСЖ до летото 2024 година. На „Паркот на принцовите“ пристигна во 2019 година, а претходно бранеше за Севиља, Фулам и Мајорка. Тој успеа да дебитира за шпанската репрезентација.