Бенфика не планира да го пушти оваа зима својот најдобар фудбалер Енцо Фернандез.
Според новинарот Бен Џејкобс, португалскиот клуб не сака да се раздели со Енцо на средина од сезоната.
Дваесет и едногодишниот играч од средниот ред исто така не планира да го напушти клубот во јануари, па Челзи, кој има конкретен интерес за играчот, ќе може да го комплетира трансферот само со плаќање на ослободителна клаузула од 120 милиони евра.
Фернандез е во сферата на интерес на Ливерпул и Реал Мадрид, но клубовите размислуваат само за трансфер на играчот во текот на летниот преоден рок. Ситуацијата околу Аргентинецот ја следат и Манчестер јунајтед и Њукасл.
Оваа сезона Фернандез одигра 13 натпревари во португалскиот шампионат и постигна еден гол.