македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди и Леванте ја продолжија соработката до 2024 година.
Нашиот интернационалец има нов договор со секако подобрени услови затоа што во првичниот негов договор со Леванте има клаузула во која соработката еднстрано од страна на клубот може да биде продолжена по автоматизам.
Ова секако е направено за да Енис Барди на лето не си оди бесплатно од клубот, и на него Леванте да може да заработи нешто.
Клубот е во очајна резултатска ситуација, само со чудо може да се спаси од испаѓање, па Барди на овој или оној начин на лето многу веројатно ќе има нов клуб.