Македонската фудбалска репрезентација во најсилен состав ќе го дочека Европското првенство, откако селекторот Игор Ангеловски дефинитивно ќе може да смета на Енис Барди.
Барди ги надмина проблемите со коронавирусот, односно по два позитивна теста конечно доби негативен кој значеше дека може да му се приклучи на националниот состав, да биде заедно со колегите. Фудбалерот на Леванте им се заблагодари на сите за поддршката која му ја дадоа во изминатиов период.
-Ви благодарам на сите за пораките и поддршката што ми ја дадовте овие денови. Се чувствувам одлично и многу брзо ќе се видиме на ЕП. Ви благодарам уште еднаш, -порача Барди.