Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди го одржа првиот тренинг со соиграчите во Леванте по двомесечна рехабилитација по повредата на ’рбетот, јавија денеска шпанските медиуми.
На Барди му беше дијагностицирана лумбална дискус хернија што играчот за врска го оддалечи од настапите за македонската репрезентација и шпанскиот прволигаш од средината на ноември.
Според извештаите, Барди нема да биде во комбинација да настапи на утрешниот натпревар против Виљареал, а неговото враќање на теренот, најрано може да се очекува на мечот од 18 коло во Ла Лига, против Еибар, на 10 јануари.