сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Енис Барди: Секогаш атмосферата во репрезентацијата била одлична

Енис Барди: Секогаш атмосферата во репрезентацијата била одлична

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди на денешната прес конференција изјави дека гостите ќе се фокусираат на одбраната на сопствениот гол и предупредува дека може да биде тешко на такви натпревари.

– Ние влегуваме максимално сериозно во овој меч, за нас е важен, а и многупати покажавме дека можеме да ги победиме. Оваа Македонија е многу квалитетна, сите нѐ гледаат сега со други очи, а утре треба да бидеме како и досега, да ја завршиме работата. Тешко е да се игра против еден тим кој само се брани, знам дека нѐ чека тежок меч, кога против себе имеме противник кој постојано се брани со единаесетмина. Многу е мал просторот за игра, тешко е да се најде простор на таква игра, ама ние имаме доволен квалитет за што побрзо да дадеме гол и да ги разбиеме. Секогаш атмосферата во тимот била одлична, ние секогаш и едвај чекаме да играме за Македонија и мислам дека тоа се гледа, се гледа дека уживаме додека сме тука – смета Барди.