петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Енис Барди стрелаше за Трабзонспор (ВИДЕО)

Енис Барди стрелаше за Трабзонспор (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди постигна гол за неговиот Трабзонспор на вечерашниот меч против Гиресунспор во првата лига на Турција.

Гостите покажаа многу повеќе на оваа средба, во двете полувремиња постигнаа по два погодоци и на крајот славеа со 4-2. Нашиот Барди беше автор на вториот гол и тоа во 34 минута кога погоди на додавање на Бозок.

Ова за Енис беше шести сезонски погодок на 28 лигашки меч за Трабзон, тим кој пак со 54 бода ја зазема шестата позиција на табелата.

 

https://twitter.com/i/status/1663600542625431592